Крушево е подготвено да го одбележи роденденот на Тоше

ИЗВОРскопје24
|

Крушево е подготвено да одбележи уште еден роденден на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. Денес се навршуваат 39 години од неговото раѓање.

Тоше ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари многу љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

Роденденот на Тоше Проески ќе биде одбележан денес напладне со програма во спомен-куќата „Тодор Проески”.

Ќе бидат одржани неколку ликовни изложби во спомен куќата „Тодор Проески“, а во официјалната програма ќе настапува „Уникат бенд“ и Сара Ристеска придружена од Габриела Аврамоска.

Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и ученици од СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.

Тоше Проески денес би славел 39 години, а овој ден 25 јануари, за неговите фанови е опишан со една реченица: „Тоше има само ден на раѓање“.