Кулинарското шоу остана без неа: Александра Илиевска откри зошто повеќе не е дел од „Брза кујна“

ИЗВОРСкопје24
|

Убавата тв водителка Александра Илиевска, која инаку ја водеше кулинарската емисија Брза кујна, во новата сезона од шоуто кое започна од неодамна со снимање не се појави пред малите екрани.

Добро познатите Шеф Марк и Шеф Никола на социјални мрежи споделија фотографии од почетокот на снимањето, а со тоа открија и дека шоуто има нова водителка. Станува збор за Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24.

Причината поради која претходната водителка Александра Илиевска не ја води повеќе емисијата ја откри во интервју за Вистина.мк.

– Паузата која секогаш ја имаме од сезона до сезона на „Брза Кујна“ ми е исполнета со работен ангажман. Речиси година и половина сум одговорно лице и задолжена за маркетинг и ПР во салон за убавина во центарот на Скопје, ,,Шарм“. Интересна нова област за работа во делот на убавина која ми донесе нови предизвици и работни обврски на кои во целост се имам посветено со цел да дадеме нов пристап и услуга која ја заслужува секој маж или жена, секој кој сака да одвои време за себе и да си даде нега за пристапна цена. Секако на страна од работните обврски тука е сопругот, семејството и пријателите кои секогаш заслужуваат внимание и љубов кое треба да го посветиме обострано.

И на крај време за добра книга и филм – кажа таа и додаде дека оваа сезона не е дел од емисијата бидејќи ѝ се случило она што долго го посакувала, а тоа е бременоста:

-Посакувам ова шоу да живее долги години бидејќи е извондреден проект на кој работи одличен тим, пред и зад камерите. Јас сум дел од тимот, но во оваа сезона како гледач и најголем поддржувач бидејќи на пат е најубавото нешто што го посакуваме со сопругот, принова во семејството.

Здравје, 7-ма сезона со нови знаења и умеења од кулинарство во друштво со нов член на семејството, ќе биде предизвик да се сподели пред македоснката јавност – кажа Александра.