Култните патики на Џордан на аукција: Цената ќе ве изненади

ИЗВОРСкопје24
|

Ѕвезда на аукцијата е парот Air Jordan 1 High, патики кои спортската мегаѕвезда ги носеше во текот на егзибицискиот натпревар во 1985-та година во Италија, кога топката ја заби толку силно со што ја искрши таблата од кошот на парчиња. Единаесет пара Најк патики од денеска завршија на аукција.

Парче од стаклото и натаму се наоѓа во левата патика, а патиките поради тоа го имаат добиено прекарот “Shattered Backboard”.

„Тоа беше момент за паметење во историјата на спортот“, изјави Кејтлин Донован од аукциската куќа “Christie’s” која проценува дека овој пар патики би достигнал цена од 650 до 850 илјади долари.

На аукцијата ќе бидат понудени и Nike Air Ship 1984 кои Џордан ги носел на предсезонските натпревари во пресрет на неговата руки сезона во дресот на Чикаго Булс. Нивната вредност се проценува на 55 илјади долари. Големо внимание ќе привлече и парот Air Jordan 7 Olympic кои Џордан ги носеше на Олимписките игри во Барселона во 1992-ра година кога со „Дрим тимот“ на САД го освои златниот медал. Нивната цена се проценува да се движи околу 70 илјади долари.