Купид ќе им донесе љубов: Февруари ќе биде најубав месец за овие хороскопски знаци

ИЗВОРСкопје24
|

Три хороскопски знаци може да очекуваат февруари полн со позитивни љубовни вибрации и промени на подобро во љубовниот живот.

Лав

Жените родени во знакот на Лав, кои сè уште не се во врска, овој месец ќе се заинтересираат за два потполно различни типа на мажи. Кај едниот ќе им се допадне изгледот, а кај другиот шармот. Пред нив ќе биде тешка задача да го изберат вистинскиот партнер. После колебањето тие сепак ќе го послушаат срцето. Можно е да се појави љубомора поради личност која секојдневно поминува време со вашиот партнер. Најпаметно е да поразговарате со нега, а после разјаснување на ситуацијата, вториот дел од месецот ќе го поминете без љубовни грижи.

Вага

Сега е вистинското време да го најдете вистинскиот партнер. Доколку во вашиот живот постои некој кој ви се допаѓа, овој месец ќе имате шанса да си пријдете. Ве очекува вистинска холивудска љубовна приказна каде ќе делува како целиот свет да се врти околу вас и вашиот партнер. Сите Ваги кои моментално се во врска можно е да почувствуваат заситеност од партнерот. Доколку се почувствувате така замолете го партнерот да поминете некое време одвоено.

Водолија

Доколку немате партнер време е да се обидете да го најдете онлајн. Онлајн познанствата можат да бидат магични и мистериозни. Веројатно ќе повикате еден привлечен странец во својот живот кој ќе ве заинтригира. Од тоа може да прерасне сериозна врска. Доколку сте во врска, овој месец ќе биде мирен. Доста време ќе поминувате заедно со што ќе го разбудите и својот однос и ќе ги зајакнете емоциите. Не заборавајте да посветите малку време и на себе.