Купил стар кауч за 60 евра, не се надевал ни најмалку што ќе пронајде внатре во него

ИЗВОРскопје24
|

Хауард Кирби од Мичиген купил стар кауч. Тој ни малку не се надевал што ќе пронајде внатре во него.

Кирби купил кауч од непрофитната организација „Habitat for Humanity ReStore“ за 63 евра. По некое време забележал дека едно од неговите перничиња воопшто не било удобно за седење.

По неколку недели, тој и неговата сопруга решиле да го отворат каучот и пронашле голема количина пари во него, околу 43 илјади долари.

Кирби воопшто не бил под искушение да ги задржи парите, решил веднаш да ги врати.

„Што би направил Исус? Исус би му ги вратил на сопственикот“ – изјавил Кирби за „ABC“.

Тој веднаш ја исконтактирал продавницата откаде што го купил каучот, а од продавницата потоа ги исконтактирале сопствениците на каучот.

Сопствениците на каучот дошле да ги земат парите. ТИе изјавиле дека парите ги сокрил нивниот покоен дедо при што немале доволно зборови за да му се заблагодарат на Кирби.

Знам како е кога нешто ќе изгубиш и никогаш не го добиваш назад истото“ – изјавил Кирби кој за овој добродушен чин добил многу пофалби на социјалните мрежи.