Купувате облека онлајн преку мобилен телефон: Истражувањата покажуваат дека постои друг посигурен начин

ИЗВОРСкопје24
|

Во последно време, купувањето преку интернет станува сè попопуларно.

Неодамна анкетата на магазинот „Stylist“ покажала дека најмногу онлајн купувачи своите нарачки тоа го прават во ноќните часови и тоа преку мобилен телефон. И додека купувањето преку мобилен звучи како најбрз и наједноставен начин за шопинг, постои една з*мка на која можеби и веќе сте наишле.

Имено, истражување на израелски магазин покажало дека онлајн купувањето е многу посигурно да се прави преку личниот компјутер или лаптоп, поради подобрата прегледност и достапност на информациите.

„Проблемот е во големината на екранот. Кога купуваат преку личен компјутер, на купците на едно место им се достапни повеќе податоци за производот отколку што е понудено во мобилните верзии на онлајн продавниците“, објаснил за „Stylist“ водичот на истражувањето, прфесор Лиор Финк.

„Нашето истражување покажа дека поради недостатокот на информации купците често донесуваат лоши шопинг одлуки кога купуваат преку мобилен, во споредба со купувањето преку компјутер“, додал тој.

Од сега па понатаму, купувајте преку компјутер и не правете ја оваа грешка.

точка.мк