Купувате половно возило: Овие 5 знаци откриваат дека автомобилот бил удрен

ИЗВОРСкопје24
|

Купувањето на половен автомобил знае да биде доста стресна работа пред се поради недоволното познавање на историајта на автомобилот. Продавачот како продавач, секогаш уверува и тврди дека автомобилот е во најдобра состојба и никогаш не бил удрен.

Но како да знаете дека ја збори вистината односно дека автомобилот не е удрен. Вообичаено, експертите наведуваат пет знаци кои откриваат дека автомобилот бил удрен. И вие можете да ги користите кога ќе решите да купите половен автомобил.

БОЈА НА ЧУДНИ МЕСТА
Најлесно е да се примети по бојата. Обиколете го автомобилот неколку пати, гледајте го секој дел од површината на автомобилот и ако приметите дека одредени делови не се поклопуваат по сјај и текстура на бојата тогаш повеќе од сигурно е дека автомобилот бил удрен.

НЕПОКЛОПУВАЊЕ
Панелите како вратите, хаубата, крилата и вратата од гепекот треба совршено да се поклопуваат. Пример, хаубата на двете страни треба под ист агол, без испакнатини да се поврзува со носачите кај предните врати. Доколку приметите дека едниот дел е поместен односно се поврзува несиметрично тогаш тоа е знак дека удрен.

НАПУКНАТО СТАКЛО
Многу продавачи за да не влегуваат во трошоци ги средуваат само каросериските оштетувања. Тоа значи дека шофершајбната и останатите стакла често ги изоставаат пред се поради комплексноста за изведување и високата цена за поправка. Оттука доколку забележите напукнатина на шофершајбната тогаш треба да имате сомнеж плус дека автомобилот можеби е удрен.

ФАРОВИ
Едноставен начин. Доколку едниот фар е по “бистар” од другиот односно не е толку замаглен тогаш треба да го поставите прашањето зошто тоа е така. Голема е веројатноста дека тој дел од автомобилот бил удрен па сопственикот го сменил истиот.

ПРОВЕРКА НА ПРАГОВИ И ДОЛНИОТ ДЕЛ
Спуштете се на колена и проверете дали на долниот дел од праговите и автомобилот има одредени искривувања. Често механичарите ги игнорираат овие делови сметајќи дека купувачот нема да биде толку детален.