Лани останав сирак, оваа година ерген – Игор Џамбазов откри што му е желбата за следната година

|

Нашиот најдобар шоумен, актер и пејач помина тежок период во животот откако минатата година, за жал, почина неговиот татко Александар Џамбазов, со кого беше екстремно близок, а згора на тоа на почетокот од оваа година и неговата девојка Илина Арсова поради професионални обврски се пресели во Америка.

Тие неколку месеци се обидуваа да ја одржат врската на далечина, па дури и броеја денови до нивната следна средба, кога Илина требаше да си дојде во Македонија, но за жал од непозната причина тоа никогаш не се случи, па решија да ја прекинат врската.

Игор во неколку прилики потенцираше дека нивната љубов била како од романите и дека до сега не доживеал такво нешто во животот, но за жал не сите бајки имаат среќен крај, па така и нивната.

Додека беше жив неговиот татко Александар, ја имаше запознаено и Илина, која пак уште од почетокот на врската со Игор му ги кажала своите планови за Америка, кои поради корона кризата се одолговлекувале, но на крајот сепак се остварија. Илина од секогаш ја имала таа желба да предава на универзитет во Америка, а Игор не сакал да и стои на патот на успехот, макар и тоа да значи дека ќе ја изгуби.

Токму тој денес на социјалните мрежи сподели интересен стаус, кој е потполно во негов стил и гласи:

“Лани останав сирак. Оваа година останав ерген. Наредната би можел да останам нормален…”

Во ова време-неврме ретко кој останал нормален, но се чини на Игор добро му оди тоа.

(Н.Ј.)