Лара Иванова како Алиса во земјата на чудата – погледнете го новиот видео запис

ИЗВОРСкопје24
|

Овој викенд под ведро небо се одржа 35. Издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, каде свое учество зеде младата пејачка Лара Иванова со темата „За нас“.

Изведбата на песната беше поздравена со огромни овации, по што наградата за најдобар аранжман и токму за оваа композиција припадна во рацете на продуценот Иле Спасев.

За текстот на прекрасната балада се погрижи Робин Зимбаков. Додека траеше самата манифестација, видео записот за „За нас“ доживеа своја премиера уште истата вечер, каде магијата на приказната ја заокружи режисерот Огнен Шапковски.

Инаку, ова е нејзино второ појавување на сцената на „Макфест“, по минатогодишното учество каде се претстави со композицијата „Кој те учи така“. Музиката и аранжманот повторно беа дело на Иле Спасев, додека за текстот се погрижи Филип Цветков.