Лазаров ги враќа Манасков и Миркуловски во репрезентација

|

Новиот селектор на Македонската сениорска репрезентација г-дин Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска за ЕУРО 2021.

Кирил Лазаров реши во репрезентацијата да го врати нашиот успешен ракометар, Филип Миркуловски кој што моментално игра во германскиот клуб HSG Wetzlar. Покрај ракометар, тој ќе биде и помошник на селекторот.

Лазаров покрај Миркуловски ги врати и Бранислав Ангеловски и Ацо Јоновски, а за помошник тренер е избрана Билјана Црвенковска, поранешна репрезентативка.

Третиот натпревар во квалификациската групна фаза сениорите ќе го одиграат на 11.03.2021 (четврток) против репрезентацијата на Данска во СЦ “Борис Трајковски”.

Четвртот натпревар ќе се одигра во Алборг, Данска на 14.03.2021 (недела).