ЛАЗАРОВ: Јавно извинување до сите присутни навивачи во Виена, ова беше удар за нас

ИЗВОРСкопје24
|

Oчигледно дека Лазаров беше разочаран по натпреварот со Австрија, каде одигравме под секое ниво, а впрочем и капитенот го посочи тоа по крајот на мечот.

„Тешко е да се каже сега било што, треба да се седне со ладна глава и да се изанализира натпреварот. Тврдам дека можеме да се натпреваруваме со оваа селекција на Австрија, но сега не е време ни место да се каже нешто по секоја цена. Можам да кажам дека одигравме под секое ниво, со многу промашени шанси и многу технички грешки, го разбранивме нивниот голман“.

„Морам да признаам дека не изненадија со тактиката вечерва, немавме решение за нив, не натераа да правиме очигледни грешки, разочарани сме, очекувавме многу повеќе, имавме добра група, тоа може да ви го кажеше и секој ракометен фанатик и обичен лаик, бевме благи фаворити во групата, но не успеавме. Австрија беше мотивирана играше на домашен терен, останавме должни на навивачите кои беа во голем број, заслужуваме критика, ова беше удар за нас. Јавно се извинувам до сите навивачи кои беа присутни во Виена“, рече Лазаров.

Извор: Спортклуб.мк