Леб 175 денари, вода 300 – Ова се цените на Копаоник (ФОТО)

|

Снегот падна на планините, со што зимската и скијачка сезона може да се смета за отворена. Доколку го изоставиме Банско во Бугарија, може да се каже дека македонцте најчесто патуваат во Копаоник Србија, за да уживаат во зимската идила.

Сепак по она што можеме да го видиме деновове, оваа година за да одиме на Копаоник ќе треба длабоко да “бркнеме” во џебот, затоа што цените се поприлично “солени”.

Како што може да се види на фотографијата која беше објавена на „Твитер“, сметката е издадена во петокот на 9 декември.

Целата сметка била 27.445 динари (околу 14 илјади денари), но не се знае колку гости јаделе и испиле за тие пари.

Од сметката се гледа дека се нарачани 13 парчиња ра кија, но и вода и кока-кола, а на неа има и нарачки за храна. Па така од сметктие може да се види дека лосос чини 2.900 динари (1.450 денари), додека прженото пилешко е 1.490 динари – 750 денари. Литар вода е 595 динари (300 денари), а цената на газиран сок е 390 динари (190 денари).

Ра кија е 340 динари (170 денари), домашен леб ги чинел 350 динари (175 денари), салата од домати 800 динари или 400 денари, кисела зелка 350 динари или половина 175 денари.

Сметката предизвика лавина од реакции. Луѓето навалија со жешки коментари на социјалните мрежи.