Легендарниот Диви се враќа во Македонија: Еве каде ќе ја продолжи кариерата

ИЗВОРскопје24
|

Тинекс Пролет потврди дека го комплетираше трансферот на македонски репрезентативец, Петар Ангелов.

Голманот се враќа назад на македонската ракометна сцена, доаѓајќи од германскиот Ратинген. Ангелов потпиша договор со Тинекс Пролет на една и пол сезона.

Тинекс Пролет е отворен за ангажман на дополнителни засилувања во наредниот период. Позитивна вест е враќањето на Александар Василевски по тешката повреда на коленото, со што ќе биде засилена бековската линија во ростерот.

Петар Ангелов ја започна својата професионалната кариера во 1997 година во Тиквеш. Исто така тој има настапувано и за Пелистер, Вардар и Металург на домашната сцена, а има настапувано и во неколку земји ширум Европа, за Трембле во Франција, Анталија во Турција, Кремс во Австрија и Ратинген во Германија.