Лејди Гага доби понуда за нова улога

ИЗВОРскопје24
|

После освоените Златен глобус и Оскар, Лејди Гага доби понуда за нова улога.

Пејачката ќе се појави во улогата на Одри во новиот филм „Little Shop of Horrors“, пренесува US weekly.

Познатиот мјузикл го следи Симор, осамен човек кој работи во цвеќарница и е лудо вљубен во колешката Одри. Тој открива необично растение-месождер, кое го нарекува Одри и го храни со човечко месо.

Сè уште не е познато кој ќе игра во главната машка улога, но убавата Одри ќе ја глуми Лејди Гага.

Пејачката за улогата во „American Horror Story“ го доби Златниот глобус, додека за филмот „A Star is Born“ освои Оскар за најдобра песна.

Стефани Џоан Анџелина Германота е родена 28 март, 1986, позната по нејзиното сценско име Лејди Гага е американски поп пејач-текстописец.

Започнала да изведува на музичката рок сцена во Њујорк во Lower East Side. Набрзо потоа потпишува договор со Streamline Records, огранок на Interscope Records, веднаш по нивното формирање во 2007. За време на нејзиниот престој во Interscope, работела како текстописец за неколку познати изведувачи и го привлекла вниманието на Акон, кој ги препознал нејзините гласовни способности и ѝ помогнал да се пријави за неговата издавачка куќа, Kon Live Distribution.

Таа исто така во едно интервју таа изјави дека модата е извор на инспирација за нејзиното пишување на песни и нејзините изведби. До денеска, таа има продадено над осум милиони албуми и над триесет и пет милиони синглови ширум светот.