Лепа Брена е пресреќна за внукот: Еве што вели за снаата Александра

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Александра Пријовиќ на свет го донесе Александар.

Лепа Брена, која Филип, синот на нејзиниот сопруг Боба од првиот брак вели дека го сака како свое дете, вели дека е пресреќна за новиот член во семејството.

„Сите сме пресреќни. Со нетрпение го очекуваме бебето секој ден. Добро ни дојде“, изјавила Брена за „Блиц“. Порталот пишува дека Брена не ја симнува насмевката од лицето, а семејството Живојиновиќ добива многу честитки. Мајката и бебето се чувствуваат одлично.

„Александра е мојата поддршка и јас сум нејзината. Таа е нашиот нов член од семејството и ја доживувам како едно девојче кое тргна исто како и јас, токму од нула. Навистина сакам да ѝ бидам од помош и да ѝ дадам совети кои никој не може да и ги даде. Сум го поминала целиот тој трнлив нејзин пат. Таа ја има својата мајка која и е голема поддршка, а јас можам да ја советувам за работата и за животот. Среќа, таа е личност која следи, слуша, и ги применува работите од другите кои се добри.

Не може никој да биде ничиј наследник. Сите ние сме оригинали и секоја копија или прашање кој ќе ме наследи мене или било кој друг се непотребни. Александра е птица која пее со свој глас, а јас сум тука за се што ѝ треба“, изјави Брена во едно интервју минатата година.