Лепа Брена и Боба се пофалија со јахта долга 30 метри – погледнете го овој луксуз

ИЗВОРСкопје24
|

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се почастија со нова луксузна јахта. Новиот брод на Брена и Боба е долг 30 метри и има шест соби за спиење.

Мегапопуларната брачна двојка со месеци со овој брод крстосува по Јадранот.

-Тоа е убаво бродче од некои 100 фита, со пет, шест спални соби изјавила Брена.

„Не беше тоа подорак само за нас, ние сакавме да си дозволиме нешто затоа што тоа беше специфична ситуација. Не можевме да се дружиме, барем да пловиме. Така, имав една година пауза и одмор за да го поминам она што навистина го сакав, да пловам и да бидам на вода, истакнала Брена.