Лепа Брена и Драгана Мирковиќ на одмор во Монако – Еве како уживаат

ИЗВОРСкопје24
|

Познатите пејачки Лепа Брена и Драгана Мирковиќ освен со успех на професионален план можат да се пофалат и со луксузот кој го поседуваат. Имено, Брена познато е дека има луксузна вила во Мајами, а пак Драгана луксузен замок во Виена.

Очигледно и двете сакаат да уживаат во благодетите кои им ги нуди богатството, па редовно уживаат таму каде што престојува светскиот џет сет.

Лепа Брена со семејството решила да помине некое време во Монако, а таму налетала не на било кого туку на својата колешка и пријателка Драгана Мирковиќ.

Двете не ја пропуштиле можноста да се пофалат за оваа случајна средба. Па моменто веднаш го споделија на социјалните мрежи.

„Драги пријатели“, напиша Драгана на Инстаграм и воодушеви многумина.