Лепа Брена и во шестата деценија од животот им го одзема здивот на сите (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Лепа Брена (58) на својот инстаграм-профил објави фотографија која стана вистински хит меѓу обожавателите на нејзиниот лик и дело. Популарната пејачка на фотографијата позира во костим за капење покрај базен, а во преден план се нејзините долги и вити нозе, по кои беше препознатлива на врвот на својата долгогодишна плодна кариера. Судејќи по она што го објавува на социјалните мрежи, одморот на Бора Бора дефинитивно и’ „прилега“.

Откако пејачката секојдневно споделува различни моменти од своето уживање со сопругот Боба и децата Стефан и Виктор овој пат објави жешки фотографии на плажа.

Имено Брена облече бикини во зелена боја и легна на песокот со што уште еднаш докажа дека е вистинска секс бомба на прагот на својата седма деценија.