Лепа Брена му купи на синот подарок каков што нема друг во Србија – чини огромно богатство

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Лепа Брена на својот син Виктор му купила подарок кој вреди цело богатство. Имено, мајката го почастила синот со најновиот модел BMW F90, вреден 150.000 евра.

Виктор со овој вреден подарок стана единствениот во државата кој вози таков автомобил.

„Автомобилот што Брена го купи за нејзиниот син е произведен во 2020 година и ги има само стотина во целиот свет. Еден беше увезен во нашата земја – оној на Виктор. Кога го доби автомобилот полуде од среќа“ – изјавил за српските мнедиуми извор близок до семејството Живојиновиќ. Тој додава дека Виктор веднаш сакал да го обележи својот автомобил, па на автомобилот ставил персонализирани регистарски таблички.

„Плати 87.532 динари за да бидат испишани неговите иницијали на табличките, плус мораше да искешира пари за редовна регистрација, што чини околу 270.000. Штом го регистрирал автомобилот, веднаш седна да го вози. Воодушевен е од него! Тој да може би возел цело време’.

Бидејќи БМВ-то на Живојиновиќ има дури 600 коњски сили, мајка Брена го предупредила својот син да внимава додека вози.

„Тој автомобил е вистински ѕвер! Неговата максимална брзина е 250 километри на час, но може електронски да се зголеми на 305 км. Според официјалните податоци, тој модел може да достигне до 100-ка за 3 до 4 секунди, а за да забрза од нула до 200 километри на час му требаат 11 секунди. Бидејќи Виктор е сè уште дете, кое има само 21 година, Брена мораше да има сериозен разговор со него пред да му ги даде клучевите. Таа го предупреди дека мора да ги следи прописите и внимателно да вози. Интересно е што во последните месеци Лепа Брена троши пари повеќе од кога и да било. И додека нејзините колеги се жалат дека немаат пари затоа што не настапуваат поради болеста, пејачката патува низ целиот свет, купувајќи недвижнини и автомобили:

„Брена со години не живее од пеење. Таа и нејзиниот сопруг Боба секогаш ги инвестирале парите мудро, па затоа имаат неколку бизниси, така што нема зима за нив дури и кога целиот свет е во криза“ – објаснува соговорникот.