Лепа Брена само за една работа во домот не плаќа помошнички – ја работи потполно сама

ИЗВОРСкопје24
|

Фолк ѕвездата Лепа Брена поради богатството кое го поседува речиси е невозможно да ја видите со крпа во раце, таа за овие домашни работи плаќа помошнички кои ја средуваат куќата во целост. Но, она што таа секогаш го прави сама и тоа по неколку пати во годината е да го уреди плакарот.

Имено, Брена има обврка само да ја повлече гареробата од плакарот која повеќе не ја носи, и да одлучи што ќе прави со неа, дали ќе ја донира или пак ќе ги исфрли непотребните парчиња.

– Никогаш не бришам прашина или мијам садови. Има луѓе што ги плаќам за да го направат тоа за мене. Она што треба да го направам со уредувањето, е да ја извлечам мојата непотребна гардероба од плакарот – откри Брена.

– Јас го празнам плакарот неколку пати во текот на годината. Ги фрлам сите оние работи што не ги користам или некому му ги давам, вели Брена.