Лепа Брена се отвори и проговори за бракот: „Боба е мажот од моите соништа“

ИЗВОРСкопје24
|

Брена се отвори и проговори нејзината љубов со сопругот. Таа објасни зошто нивната љубов е специфична.

„Веројатно затоа што сме јавни личности. Имавме судбинска љубов, поминавме низ убави и тешки моменти кои успеавме да ги надминеме“ вели Брена за „стори.рс“.

Лепа Брена следниот месец ќе слави 28 години брак со Слободан Боба Живојиновиќ со кога има два сина, Стефан и Виктор.  Пејачката вели дека Боба и е најголема поддршка.

„Ние сме луѓе кои многу работиме, знаеме да разговараме кога не сме лути. Тоа што сме посветени еден на друг е тајната за успехот на нашиот брак. Боба е мажот од моите соништа, човек кој ги исполни сите мои желби. Ме изненадува со работи кои не се однесуваат на луксуз. Не сум личност на која и требаат такви работи. Ми треба прегратка, разбирање, топол крај, место каде ќе уживме, каде ќе размениме приказни. Тој успеа да ги препознае сите мои емоции, да биде маж секогаш кога требаше “ вели пејачката. Брена објаснува дека откако нејзиниот сопруг станал дедо добил нова енергија.

вистина.мк