Лепа Брена: „Сè што можам да го платам, нема да го работам“

ИЗВОРСкопје24
|

Лепа Брена е на прагот на шестото десетлетие, а благодарение на добрите гени, здравиот начин на живот и секојдневното вежбање ја добила титулата Нај*екси баба на Балканот. Неодамна открила дека својот изглед го должи на испланираниот режин на исхрана, а за српските медиуми произнала дека не е искусна во кујната.

Вели дека Боба (56) многу подобро готви, а таа никогаш не се истакнувала и не сака да готви.

Мајка ми ме научи да готвам, тоа беше нешто задолжително. Морав сè да знам, меѓутоа, сè што можам да платам, не сакам да го работам. Сакам убаво наместена маса и некој да ми зготви и да ми донесе. Додека сум жива ќе можам да си го дозволам тоа. Подобро ми е да вработам некоја готвачка отколку да губам време на тоа што ќе се изеде за половина час. Не треба да бидам најдобра и да правам сè совршено“, рекла пејачката.

Брена ѝ дала совет и на својата снаа Александра Пријовиќ (24). И порачала дека не треба да се оптоварува со готвење, туку да се грижи за детето. Рекла дека годините ќе поминат, а спомените што ќе се создадат во текот на раснењето на детето остануваат засекогаш.