Лепа Лукиќ оставила тестамент – целиот имот му го остава само на еден човек, но под еден услов

ИЗВОРСкопје24
|

Познатата пејачка Лепа Лукиќ напишача тестамент во кој сиот имот и целата заштеда ќе му ја препише на својот внук Радисав. Таа има посебна желба а тоа е тој да се грижи за нејзината мачка Маза. Доколку го исполни суловот, внукот ќе добие ресторан, два стана и една куќа.

“Во тестаментот напишав, дека мојот внук мора да се грижи за мачката, ако јас заминам пред неа. Радисав треба да ја чува Маза, да ја пази, мази и ќе наследи се што стекнав за време на животот. Сето тоа стои во документот кој го чува мојот адвокат“, вели Лепа Лукиќ.

Бидејќи никогаш немала деца, Маза на Лепа и е како ќерка.

“Таа е чудо од мачка, ја доживувам како свое дете. Затоа сакав да ја згрижам и да знам дека ќе и биде добро кога ќе заминам на оној свет. Од 2011 ние двете живееме заедно како мајка и ќерка“, раскажала пејачката.