Лесно и брзо направете чедар: За едно од најпопуларните сирења потребни ви се само 5 состојки, а ќе добиете 1,5 кг

|

Нема човек што не го обожава чедар кашкавалот. Може да го користите во сендвичи, сосови, тостови, пици и каде уште не… но не секогаш може да се најде во маркетите за храна. А исто така и неговата цена е доста “солена”.

Сепак не очајувајте, можете лесно и брзо да направите чедар дома. За едно од најпопуларните кашкавали потребни ви се само 5 состојки, а ќе добиете 1,5 кг.

СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 1 лажичка сол, 15 гр путер, 200 гр тврдо сирење и 6 лажици пченкарен скроб.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во тенџере ставете млеко, путер, сол и скроб. Гответе додека скробот не се раствори убаво, па додадете го ренданото сирење. Гответе со постојано мешање додека сè не згусне. Смесата се истура во тетрапак од млеко и се става во фрижидер 4-6 часа.