Летото од Шпанија се движи кон Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Југозападните предели од Европскиот Континент односно Шпанија е зафатена од невообичаено топол бран и тоа од северните предели на Африка и истата условува температури дури и над 30 степени. Истиот ваков бран во текот на следните денови ќе пристигне и кај нас но со помал интензитет но сепак ќе услови невообичаено високи температури на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачуваат над 20 степени. Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 30 степени.

Со ова температурите на воздухот кај нас влегуваат во оние вредности кој ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу десет степени а поради Сахарската прашина и песок времето ќе биде релативно мачно и спарно и тоа особено за метеопатите.

Ова е сепак нормална појава за нашиот дел од европа во овој дел од годината и знае да се појави често поради тоа што сме на директен удар на топлите бранови од јужните географски широчини, односно од северните предели на Африка.

За нови и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ