Личностите родени во овие хороскопски знаци најчесто се разведуваат

ИЗВОРСкопје24
|

Никој не стапува во брак со намера да се разведе, но многу бракови во денешно време завршуваат токму така. Ако сте родени во еден од овие хороскопски знаци размислете добро пред да се одлучите за брак, бидејќи шансите за развод се поголеми од останатите знаци во зодијакот.

1. Близнаци

Дволичните Близнаци еден ден сакаат едно, друг ден сосема друго па со причина се наоѓаат на врвот на оваа листа. Никогаш не може да предвидите што ве очекува со нив. Склони се на идеализирање на нивните партнери па лесно се разочаруваат во нив кога ќе сфатат дека не се толку совршени како што си замислиле во нивната глава.

2. Водолија

Водолиите сакаат да бидат независни и најдобро се чувствуваат кога се сами поради што важат за најосамениот знак во зодијакот. Ако се почувствуваат загрозено во врската или во бракот големи се шансите да ја прекинат или да побараат развод бидејќи нивната слобода секогаш е на првото место.

3. Јарец

За разлика од Близнаците и Водолиите, Јарците обично не се тие кои бараат развод, туку најчесто тоа го прават нивните партнери. Јарците се трудат да ги импресионираат партнерите додека не го добијат тоа што го сакаат, а тоа е најчесто брак и потоа целосно престануваат да се трудат.

4. Стрелец

Стрелците обожуваат да флертуваат и не можат да се воздржат дури ни кога се во брак. Тоа најчесто не им се допаѓа на нивните партнери па не им бега разводот. Ретки се оние кои можат да издржат во брак со типичен претставник на овој знак.

5. Скорпија

Исто како и Стрелците, Скорпиите не пропуштаат шанси за флерт, а склони се и на изневерување. Покрај тоа, знаат да бидат напорни и љубоморни, посесивни во бракот или во врската па ретко некој може долго да ги трпи.