Лила прва ги спакува куферите и замина на летување: Еве каде го пронајде лениот рај ова лето (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Лето и календарски и температурно пристигна, но здравствената криза сеуште не ограничува. Додека едни се ограничени во своите домови, на тераса или без, други барем имаат двор и базени каде се разладуваат, трети на македонските езера и планини, а некој и на море.

За ТВ водителката Лила Филиповска почетокот на јули не може да помине без плажа, сонце и море, па реши прва да ги спакува куферите и да замине на летен одмор онаму каде мерките поради ситуацијата го дозволуваат тоа.

Изборот на Лила е Албанија од каде на Инстаграм постојано објавува фотографии од својот летен рај.

Од изгрејсонце до зајдисонце, секако со почитување на мерките и држење на дистанца.

Хотелскиот комплекс изгледа неверојатно, со широка и пространа тераса со поглед кон море и глетка од која запира здивот… базен за ноќно пливање и романтична вечера на плажа.

Лила овој пат како да сакаше да остане мистериозна кога е во прашање кој и прави друштво и ја фотографира, како и изборот на дестинацијата. Следбениците прашаа каде се наоѓа, а таа не им даде одговор.

Сепак, оние кои веројатно го искусиле ова место, открија кој е летниот избор на Лила, барем заесега ова лето, а за до крајот ќе видиме…