Лила се огласи по информациите дека се разделила од банкарот: Ја обелодени целата вистина

ИЗВОРСкопје24
|

По пишувањата дека познатото телевизиско лице Лила Филиповска го остави проектот „Се или нешто“ и премина во нов телевизиски проект на истата телевизија во која досега работеше се огласи и самата таа, па во своите кратки инстаграм сториња објави дека ангажманот во „Се или нешто“ не и е завршен, туку напротив снимањата за новите епизоди од десетата сезона веќе се закажани за следната недела.

Информациите дека Лила го напуштила банкарот произлегоа откако Филиповска започна да ја води и емисијата „Утрински приказни со Лила“ каде како гостин во емисијата се појави менаџерот на ресторани Борис Сидоски, а Лила како вистински професионалец успеа да го извлече најинтересното од него.

Во емисјата „Утрински приказни со Лила“, досега гостуваа најразлични гости.