Лила во Турција го „сретнала“ Романтичарот: „Беше на снимање и рече наскоро ќе дојде“

ИЗВОРСкопје24
|

Нашата најуспешна водителка Лила Филиповска е позната по тоа што сака да патува, па поради кризата која го затекна светот, не можеше да излезе од нашата земја повеќе од половина година, односно од летниот период кога беше во Албанија.

Затоа прекрасната Лила се израдува што по долго време минатата недела повторно замина на патување надвор од Македонија, односно во Турција.

Водителката дури и на големата магла и снежна бура која го зафати регионот одлучи да ги спакува куферите и малку да се опушти надвор од рутината и секојдневието.

Сепак кога се упатина аеродром и требаше да полета, поради силниот ветер, летот беше откажан, па така Филиповска се врати дома, а патувањето го остави за наредниот „чист“ ден.

Веднаш при полетувањето водителката ги извести своите фанови, и набрзо потоа пристигна во прекрасната Кападокија, од каде постојано поставуваше инстаграм кратки приказни од најубавите предели, а на самиот крај на патувањето го посети и снежниот Истанбул.

Откако Лила по неколку дена се врати од магичното патување и слегнаа впечатоците, на социјалните мрежи го сподели своето убаво искуство и на нејзините „виртуелни“ пријатели одговараше на прашања поврзани за патувањето.

Лила, исто така откри дека крстарела по Босфорот и го покажа делот каде се снимаат турските серии.

Некои од следбениците, ја праша водителката дали сретнала некој од турските актери кои често се шетаат во Таксим, а таа одговори:

„Романтичарот беше на снимање и рече наскоро ќе дојде“, напиша Лила.

Дали водителката навистина го сретнала Романтичарот или пак само се пошегува не знаеме, но она што е сигурно или барем според фотографиите од социјалните мрежи, Филиповска се поминала преубаво и сигурно повторно би се вратила на ова туристичка атракција.

Инаку, Романтичарот е најпознатиот турски актер Џан Јаман кој се прослави со улогата во „Романтичарот“ која само што заврши кај нас и важи за една од најгледаните турски серии.