Љубовен хороскоп на Египјаните: Кој бог ве штити вас, тој открива каков љубовен живот имате

loading...

Египетскиот хороскоп е еден од најстарите, а со него се служеле и фараоните за полесно да управуваат со својата голема земја и да му ја олеснат положбата на својот народ.

Овој хороскоп исто така е поделен во дванаесет знаци, а со секој знак управува еден бог. Врз основа на датумот на раѓање, многу лесно ќе откриете кое божество ве штити и каков совет ви дава за подобар љубовен живот.

АМОН [БОГ НА ПРПРОЦИТЕ]

Од 1 јануари до 2 февруари.

Во љубовниот живот ваш заштитник е Амон – богот на пророците – кој што на сите свои штитеници им дава талент вистински да се вљубат на прв поглед – и тоа во вистинската личност. А кога тоа ќе се случи, а обично станува збор за јавно место, личноста на својот живот ќе ја освоите така што едноставно ќе седнете до неа и ќе зрачите со внатрешна среќа. Таа тогаш едноставно нема да биде во состојба да одолее на толкавата привлечна и позитивна енергија.

Инаку вие сте упорни, но ненаметливи, а својата добра волја ја спроведувате тивко и полека. На прв поглед изгледате ладно, но во суштина сте полни со длабоки чувства до кои треба да се продре. Понекогаш дури изгледате и незаинтересирано, што е само маска за силната емотивност, затоа што сте приврзани и верни, а во љубовта одите на сé или ништо. А секако, за возврат барате многу.

Ваша боја е златната, а оружје со кое заведувате – паметот!

СЕБЕК [БОГ НА СВЕТАТА РЕКА НИЛ]

Од 3 февруари до 4 март.

Најмногу ја цените убавината и уметноста, па така понекогаш надворешната убавина може комплетно да ве заслепи. Сепак, спаѓате меѓу најнапредните личности кога станува збор за емоциите и сексуалноста. Оригинални сте и неповторливи. Во емотивните врски имате потреба за интелектуален партнер.

Во потрагата по сродна душа, спремни сте да пробате сé. А бидејќи сте и љубопитни, присутна е постојана желба да ги проширите своите видици. Имате брз ум, моќта на запазување ви е голема и поседувате широк круг на пријатели. Многу сте искрени во емотивните односи и не поднесувате лаги и матни ситуации.

Себек е бог – крокодил и ја чува светата река Нил и богатството на древниот Египет. За вас ја сочувал уметноста со саканата личност да остварите хармонија и склад.

Ваша боја е сината, а оружје со кое заведувате – оригиналноста!

ОЗИРИС [БОГ НА ПЛОДНОСТА И ВЕГЕТАЦИЈАТА]

Од 5 март до 9 април.

Романтични сте и многу сензуални, склони кон идеализирање на својот љубовен партнер и љубовниот живот воопшто, па може да се случи да бидете и разочарани и тогаш не ви гине цела река од солзи, секако поради преголемата чувствителност. Затоа треба што е можно побргу да научите да ги раздвојувате стварноста и убавите желби и фантазии.

Полни сте со разбирање за другите и можете да бидете изразено продуховени. Вам ви е неопходна љубов и нежност, затоа што без нив се чувствувате изгубени. Ја сакате природата, поезијата и животните, па така во природа се чувствувате на свој терен и како дома. Не сакате затворени простори и загадена градска атмосфера.

Ви треба доста време за да се вљубите, но кога тоа ќе се случи, времето работи за вас. Вашата љубов е цврста и верна затоа што и вие сте такви, чувствителни и полни со страст, па идеален партнер за вас е секој во кого ќе се вљубите.

Ве штити богот на плодноста – Озирис – и ве советува за среќа во љубовта да ја отфрлите материјалноста.

Ваша боја е бојата на индиго, а оружје со кое заведувате, сензуалните очи.

ПТАХ [БОГ НА ВИСТИНАТА]

Од 10 април до 2 мај.

Во љубовта сте импулсивни и полни со барања, но затоа пак сте искрени, отворени, лојални, па дури и наивни. Бидејќи Птах е богот на вистината, не се согласувате на односи кои не се сосема искрени. Најчесто немате многу трпение и поради своите барања и импулсивни реакции лесно ги прекинувате врските. Понекогаш знаете да бидете пргави и премногу искрени, затоа што мислите дека е најдобро да се каже вистината во лице, без разлика на последиците.

Луѓето под заштита на богот Птах знаат да променат многу партнери во својата потрага по вистинската личност. Всушност, многу често се вљубувате, знаете да се залетате и ретко размислувате за последиците на своите постапки. Сакате работите да ви се случуваат сега и веднаш!

Но сепак во изборот на партнерот знаете да донесете и некои сосема практични одлуки. Обично барате личност која цврсто стои на земја и на која можете да се потпрете.

Ваше најсилно оружје е насмевката, а ваша боја црвената!

ХОРУС [БОГ НА ЖИВОТОТ]

Од 02 мај до 17 јуни

Во љубовен поглед понекогаш сте слични со пеперутките – немате постојаност и не сакате цврсти врски, туку ве привлекуваат авантури и нови познанства. Склони сте да ја жртвувате својата сигурност во име на нешто ново, дури и ако со тоа сте свесни дека правите некоја глупост. Со леснотија се впуштате во авантури на патувањата или со непознати личности – ќе направите сé за да ја задоволите својата љубопитност.

Поседувате страствена природа и очи кои се секогаш живи и најчесто со светла боја. Животот и љубовта за вас се постојана потрага по идеалното, а во одреден момент секој знае да биде оној вистинскиот.

Сепак, вистинската љубов за вас ќе биде силна и стабилна личност, некој кој што ќе може да го скроти вашиот немирен дух, а сепак да ви пружи возбуда која што ви е потребна. Во секој случај, вие сте личност која никој не треба да ја ограничува.

Во љубовното заведување ги користите сите свои способности, а најмногу богатиот дух.

НЕФТИС [БОЖИЦА НА ЉУБОВТА]

Од 17 јуни до 21 јули.

Преубавата Нефтис владее со можеби најромантичниот знак. Нејзините деца се неверојатно верни на своите љубовници, претопувајќи се со нив во едно тело и душа. Сензуални сте, страствени и многу емотивни. Во потрагата по вистинската личност понекогаш се случува да го загубите компасот и почнете да лутате од една до друга личност. Вам љубовта и нежноста ви се потребни повеќе од било кој друг знак, но за возврат исто така давате многу.

Понекогаш сте многу склони кон фантазирање, но ако ви се пружи прилика, знаете своите соништа да ги пренесете во јаве. Но, поради преосетливоста и ранливоста, морате да бидете многу претпазливи при изборот на партнерот. Мора да пронајдете некој што е исто така внимателен и лојален како и вас, затоа што во спротивно може да бидете искористени.

Во заведувањето се потпирате на својот изглед и би требало да го истакнете со бела облека и сите други пастелни бои.

СЕТ [БОГ НА МОЛЊИТЕ И ПОДЗЕМЈЕТО]

Од 22 јули до 18 август.

Имате многу жив темперамент, а вашите чувства се возвишени и достојни. Сет е бог на молњите, бурите и подземјето, па на вашите чувства им дава жестока страст. Не се предавате лесно и од партнерот очекувате максимална ангажираност. Стално сонувате за страст и романтични доживувања, а критериумите понекога ви се понекогаш толку високи што повеќе сакате да фантазирате отколку да се препуштите на некој кој само половично ќе ве задоволи.

Потребна ви е личност со балансиран карактер и темперамент, која ќе знае да излезе на крај со вашите жестоки чувства. Сепак не сте посесивни, сакате да се гордеете со партнерот, но имате желба и за големо внимание и поклони од секаков вид.

Кога сте вистински вљубени, тогаш во целост се посветувате на партнерот и ангажирано работите на самата врска. Несигурните личности лесно може да се исплашат од вашиот сигурен и над сé, активен став.

Освојувате со својата достоинствена појава и аристократско држење и став. Вашите бои се портокаловата и златната.

АНУБИС [БОГОТ ЗАШТИТНИК]

Од 19 август до 21 септември.

Вие сте многу одговорни, интелигентни и поштени, емотивни и романтични, но понекогаш ви недостасува иницијатива. Мора да вложите малку повеќе енергија и ентузијазам кога барате партнер. Во состојба сте да сакате некого долго време, без воопшто да се решите и да му се приближите и реално започнете врска.

Љубезни сте и дискретни и не ви е секогаш лесно да се наметне и покрај неспорните вредности кои ги поседувате. Исто така понекогаш премногу очекувате, но во еден момент ќе морате да се спуштите на земја и се решите за една личност, која сепак (како и сите други) има и понекоја маана.

Вистинската личност за вас е онаа која во себе носи и некоја тајна и која ќе ви дозволи постојано и наново да ја откривате дел по дел и на тој начин постепено се повеќе да се вљубувате. Вашите секогаш стануваат појаки со текот на времето.

Ваше најсилно оружје е интелигенцијата и духот.

РА [БОГ НА СОНЦЕТО]

Од 22 септември до 15 октомври.

Вашите емоции се деликатни, одмерени, полни со внимание и љубезност. Ретко ви се случува да влезете во некој однос без претходно добро да размислите, а авантурите сами по себе се исклучени!

Сакате романтична атмосфера и креативни љубовни игри, преку кои се чувствувате исполнети. Сигурно е дека нема да имате проблеми да ја пронајдете личноста на вашиот живот, затоа што самите вие сте личност која е идеална за заеднички живот.

Многу сте осетливи на комплименти, со задоволство ги примате и долго ги паметите. Романтична атмосфера на почетокот од врската ви е неопходна, затоа што не можете ни да замислите освојување во неприкладна атмосфера.

Секогаш сте опкружени со лица од спротивниот пол, па можете да си дозволите да бидете пребирливи. Сепак, овде за вас лежи и главната опасност. Понекогаш не сте сигурни дека го имате направено вистинскиот избор, па затоа сте склони кон претерано колебање.

Ваша боја е зелената.

ИЗИДА [БОЖИЦА НА ЧУДАТА]

Од 16 октомври до 9 ноември.

Божицата Изида е божица на чудата, а личностите родени под нејзина заштита како да имаат магична моќ. Вашата насмевка и поглед се во состојба да го заведат секого, а посебно оној кој сте решиле да го освоите.

Во љубовта давате сé од себе и никогаш не се колебате дали да ја преземете иницијативата во свои раце. Сакате да го усреќите партнерот, па по некогаш може да се случи да изгубите мерка во тоа.

Поседувате извонредно голема страст и сте доста отворени, па истото го очекувате и од партнерот. За вас не постои забрането овошје и тешко е да им се одолее на вашите емоции. Упорноста е една од вашите највпечатливи особини. Кога ќе се решите за некого, тој е скоро со сигурност ваш, прашање е само на време. Да се пронајде вистинската личност за вас е лесно, правата љубов може да ја „намирисате“ и кога е далеку со километри.

Главно оружје во заведувањето ви е шармот и интелектот, а боја – темноцрвена.

ТХОТ [БОГ НА СВЕТЛОСТА, МУДРОСТА И МАГИЈАТА]

Од 10 ноември до 3 декември.

Понекогаш имате тешкотии во искажувањето на емоциите, посебно љубовните. Од една страна имате потреба за некој кој што е секогаш овде за вас кога се чувствувате тажни или нерасположени, а од друга страна, имате постојана потреба за бегство – сакате авантури и нови искуства.

Најмногу би ви одговарала личност која е секогаш на едно место и кај која секогаш можете да дојдете кога осетете потреба за спокој и љубов. А вашите љубовни потенцијали најмногу зависат од расположението. Можете да бидете мрзеливи, но и големи алтруисти. Но поради големите промени во расположението, често претставувате мистерија за другите околу вас.

За вас љубовта е синоним за животот и затоа секоја врска ви е величествена. Со задоволство преземате иницијатива и лесно се препуштате на изненадни и возбудливи љубовни доживувања. Најмногу ви одговараат долги врски во кои станувате – пред сé – пријатели со партнерот.

Ваша боја е виолетовата, а главно оружје – духовитоста.

ХАТОР [БОГ НА МУЗИКАТА И УМЕТНОСТА]

Од 4 декември до 31 декември.

Вие навистина верувате во Љубовта. Кога ќе се вљубите во некого, тешко ја прекинувате врската. Потребен ви е партнер кој ќе ве разбере, но и кој ќе знае и умее да ги поттикне да излезат на површина сите оние чувства кои се кријат длабоко во вас.

Хатор е божица на музиката и уметноста, па од таму, вашите чувства се рафинирани и нежни. Сакате љубов, но истовремено имате и страв од неа. Поради тоа понекогаш изгледате како ладна личност која не може да биде освоена. Во љубовта обожавате долги подготовки, а трпението го наградувате со страст. Имате голем сексуален потенцијал, што од вашето однесување не може лесно да се види.

Ваша боја е темнозелената, а оружјето со кое заведувате не е воочливо на прв поглед и токму во тоа е и вашата тајна – треба постепено да откривате.