Љубовта на родителите може само да се шири, никогаш нема да згасне

|

Оваа мајка го користела секој момент да предизвика насмевка на нејзиното дете. Млада мајка од Романија, прерано го изгубила еден од родителите. Вложувала големи напори за да се образува и да најде добро платена работа како нејзините деца никогаш не би ги осетиле дека нешто недостасува.

Формирала семејство и родила девојче за кое се грижела, и се посветила на нејзиното правилно воспитување, однесување и образување. Двајцата родители биле постојано крај нејзе, така девојката растела со љубов и грижа.

Кога девојката созреала доволно да изгради свој карактер, свој круг на опкружување се посветила на своето образование. Набрзо сфатила дека што и да посака и поаѓа од рака. Иако за сите заслуги сметала дека им ги должи на своите родители.

Многу години подоцна, една жена оставила писмо. Во писмото пишувало: “Ова е само едно благодарам!”

Денес сите се стремат нешто да постигнат. Кој сака да заработи многу, кој сака да изгрди своја кариера, кој сака да биде прифатен во нечие окружување. Секој се бори со времето и своите внатрешни немири за да постигне нешто, како тоа да е некој општествен трофеј.

Напротив, кога правиме нешто со љубов, тоа не предизвикува напор. Доказ за тоа е како ги растеме децата, како вложуваме насмевки, прегратки и плескања со рацете. Тоа го правиме, не само тие да бидат задоволни од себе, туку да ја почувствуваат истата љубов која нам ни ја пренеле, а потоа тие да ја делат во времето кога ќе биде потребна.