Луксуз: Моменталната цена на недвижни во оваа држава изнесува најмалку 45.000 евра по метар квадратен

ИЗВОРскопје24
|

Монако е можеби втората најмала држава на светот по големината, но е една од најбогатите. Речиси третина од жителите се милионери кои освен убавите предели, биле привлечени и од даночните олеснувања.

Меѓутоа, сигурно можете да замислите дека на простор помал од 2 квадратни километри секогаш е голем метеж. Преполн е со жители, кои ги има повеќе од 39.000.

Простор за нови куќи и апартмани хронично недостасува. Облакодерите и куќите во карпите се само некои од решенијата за кои жителите се одлучуваат.

Токму поради тоа принцот Алберт Втори дал зелено светло за проектот со кој би требало да се прошири брегот.

Во овој даночен рај владее вистински недостиг на недвижнини за 2.700 мултимилионери, како што се очекува да се доселат во Монако во наредните 10 години.

Проектот наложува новата населба Портие Коув да требало да го видат светлото на денот, во близина на легендарното казино кое прославило со филмовите за Џејмс Бонд. Илјадниците нови апартмани и вили на располагање ќе имаат нов парк и пристаниште.

Моменталната цена на недвижни во Монако изнесува најмалку 45.000 евра по метар квадратен, а поради постојаниот недостиг цените на недвижнините лесно одат во небо, па квадрат може да чини и најмалку 90.000 евра.

Освен тоа, посебно внимание ќе се обрати на живиот свет. Сите најважни морски видови се префрлени во резерват во кој се наоѓа вештачки корален гребен направен со помош на 3D принтер.

Инаку, за да се пријави некој да живее во Монако, мора да докаже дека имот, а потоа отвара сметка во банка во Монако и уплаќа депозит од најмалку 500.000 евра, а мора да престојува во Монако барем 6 месеци годишно.