„Лорена е кај мене“: Дарко Лазиќ проговори за тужбата од екс-сопругата Ана Севиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот пејач Дарко Лазиќ проговори за информациите дека неговата поранешна сопруга Ана Севиќ го тужела поради неплаќање на алиментација.

Лазиќ реагирал нервозно на прашањето за наводниот судски спор со неговата поранешна сопруга.

„Можеме тоа веднаш да го прескокнеме“, бурно реагирал тој за српските медиуми, но сепак продолжи:

„Сето ова ќе помине. Сите ќе се смееме неколку години на глупостите за кои се расправавме“, истакнува Дарко.

Пејачот откри дека неговата наследничка Лорена моментално е со него и дека одлично се снаоѓа со нејзиниот брат Алексеј.

“Алексеј ја обожава Лорена и таа го обожава. Мојата ќерка не беше долго време со мене поради моменталната состојба со болеста, но сега таа е со мене и важно е дека сè е убаво”, заклучува Дарко Лазиќ.