Лоши вести за Македонците кои чекаат бугарски пасош

ИЗВОРскопје24
|

Вчера до редакцијата на Галама стигна порака со фотографија од одбиено барање за Бугарски пасош, кое веќе ги имало поминато позитивно сите претходни постапки кои се предвидени при процедурата за барање државјанство во оваа наша соседна земја.

-Веќе една година, моето досие стоеше како одобрено и чекаше само потпис од Заменик Претседателот. Денес ми стигна известување дека сум одбиен, без никакво образложение, ни изјави апликант од источниот дел на Македонија кој сакаше да остане анонимен.

Нашиот соговорник дополнува и дека ,,посредниците” за бугарски пасоши, кои во источниот дел од нашата држава ги има во огромен број, апелираат до оние кои сакаат да поднесат нови барања, да не го прават тоа, бидејќи ќе бидат одбиени.

Izvor: Galama