Ловец на урагани со авион влета во центарот на Доријан: Вака изгледа „окото“ на бурата што ја пустоши Америка (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пилот на авион на американската Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА), влета во „окото“ на ураганот Доријан кој е од петта категорија.

На видео снимката направена од пилотската кабина се гледак како изгледа тоа возење и како „Ловецот на урагани“ успеа да се пробие низ влажниот и опасен вител и да дојде во центарот каде е мирно.

Како што се наведува, тој таа акција ја извел со авионот Локхид ВП-3Д Орион кого нагалено го викаат „Кермит“, според ликот на жабецот од популарната серија Мапет шоу.

На снимката се гледа како пилотксата кабина е украсена со маскотата Кермит.

Flight through eye of Category 5 Hurricane Dorian

INSIDE THE EYE OF HURRICANE DORIAN – #NOAA42 "Kermit" flies through Category 5 Hurricane #Dorian during the 09/01/19 morning mission (credit: Ian Sears, NOAA). Latest forecasts and advisories at hurricanes.gov, preparation tips at ready.gov #FlyNOAA

Gepostet von The NOAA Hurricane Hunters am Sonntag, 1. September 2019

Циклонот ВИКТОРИЈА пак носи ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ на Балканот

Додека кај нас и понатаму ќе продолжат релативно летните температури на воздухот во регионот му се заканува новиот циклон ВИКТОРИЈА кој уште утре особено попладне и навечер ќе услови НЕВРЕМЕ проследено со обилни врнежи, силни грмежи, олуен ветер како и појава на град на некои места.

Особено од овој циклон ќе бидат погодено Словенија, Хрватска но и делови на Босна и Херцеговина па така поради ваквата ситуација на нашите граѓани ги предупредуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку утре патуваат токму во овие држави.

Исто така локално обилните врнежи можно е да создадат и поплавувања. Сето ова ќе биде проследено и со ГОЛЕМ ПАД на температурите на воздухот поради продор на значително посвеж воздух од север па така има услови на Европските Алпи како и на највисоките планини во Словенија да провее и првиот снег за оваа сезона.

Поради невремето во Словенија е активиран жолт а во делови од Хрватска и портокалов метео аларм поради опасност од интензивни атмосферски процеси.

Кај нас од утре па натаму ќе имаме и понатаму сончево време но со тоа што ќе има појава на умерена облачност која локално и повремено ќе се зголемува, има услови само за изолирана појава на нестабилност проследена со кратотраен дожд и поретка појава на грмежи.

Максималните температури кај нас нема многу да се менуваат се до среда и истите ќе се искачуваат во интервалот претежно од 28 до 36 степени додека од среда па натаму ќе бележат тенденција на постепено опаѓање и тоа под влијание на посвежа воздушна маса од север.