Лозарите за предадено грозје во „Повардарие” и „Стефани” ќе добијат пари по Нова година

|

Шестотини земјоделски семејства од Тиквешкиот регион, кои го имаат предадено грозјето во винариите Повардарие и Стефани ќе ги добијат своите пари.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска при посетата на Карбинци изјави дека пред два дена пратениците ги изгласале измените, по што сега се чека одлуката да се објави во Службен весник. Станува збор за исплата на околу 250.000 евра до лозарите во Тиквешкиот регион.

Тој смета дека исплатата на овие средства ќе се случи по Нова година. Министерот Димковски денеска во Kарбинци се сретна и со земјоделците од Таринци, кои неколку пати протестираа и бараат огласот за давање под закуп на 48 хектари да не се додели само на едно лице. Туку ова земјиште да биде поделено по три хектари, со цел и тие како индивидуални земјоделци да конкурираат.

Министерот забележа дека доколку постои техничка можност ќе го стопираат отворениот оглас за закуп на ова земјиште во атарот на Општина Карбинци.

вечер.пресс.мк