Луди суми за учесниците во Задруга 4

|

Новата сезона на задруга на малите екрани ќе почне со емитување во септември 2020. Откриено колку од нив наводно барале да влезат во Задруга 4! Во прашање се сериозни хонорари.

Старлетата Станија Добројевиќ се наведува како една од најголемите ѕвезди на “Задруга 4“, со обзир на тоа дека во тек на “Задруга 2“ пишувало дека заработила 2.000 евра неделно, се зборува дека ни сега не се согласила на помала сума.

Менсур Ајдарпашиќ, кој трет пат учествува, како што пишуваат медиумите овој пат ќе влезе со братот Адријан и договорил хонорар од 3.000 евра неделно.

Миљана Кулиќ четври пат ќе се најде пред камерите во “Задруга“. Неодамна таа изјавила дека парите и се главен мотив за учество и дека од “излегла побогата од “Задруга 3“ за дури 250.000 евра и дека освен сумата која ја бара ништо друго не ја интересира.

“Челниците од ТВ Пинк ми нудат 400.000 евра за девет месеци. Што да правам, не ми се влегува“, ги прашала Сашка следбениците.

Мики Ѓуришиќ потпишал договор за “Задруга 4“ но неговиот договор се држи во тајност. Се зборува дека за “Задруга 3“, барал хонорар од 50.000 евра.
Кристијан Голубовиќ наводно потпишал договор на шест месеци и договорил сума од 150.000 евра, од кои 50.000 евра ќе го добие однапред. Кога ќе истечат тие шест месеци, Кристијан ќе може да го продолжи договорот за останатите три месеци, бидејќи сезоната трае девет месеци.

Медиумите во Србија пишуваат дека Челниците на Пинк преговараат и со Анабела Ајтас и Луна Џогани, додека Марко Миљковиќ за сега не е во план.