Лудувале на автопатот Скопје-Велес: Двајца „летале“ со 200 км. на час

ИЗВОРСкопје24
|

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот вчера спровела засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 67 возачи.

МВР соопшти дека 28 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжуваат и во наредните денови.