Луѓе панично трчаат, ѕидовите буквално се лулаат: Први снимки од земјотресот со јачина од 8 степени во Нов Зеланд

ИЗВОРСкопје24
|

Земјотрес со интензитет од 8 степени според Рихтерова скала е регистриран синоќа во близина на брегот на Нов Зеланд. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на над илјада километри од градот Вакатане на Северниот Остров.

Веднаш по потресот беше издадено предупредување за опасност од цунами и започнала евакуација на дел од населението.

Претходно во текот на денот беа регистрирани уште два силни потреси. Првиот бил со јачина од 7,3 степени, вториот од 7,5 степени според рихтеровата скала.

На социјалните мрежи се појавија и првите снимки од земјотресот на кои се гледа како испаничени граѓани бегаат од објектите во кои се нашле во моментот, производи кои за секунда паѓаат од рафтовите во продавниците, ѕидови кои букцално се движат и лулаат за време на потресот… Погледнете: