Луксуз на сите страни: Аделина Тахири го прослави роденденот како вистинска кралица (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Албанската пејачка Аделина Тахири пред два дена славеше роденденен, а на својот Инстаграм профил сподели дел фотографии на кои се гледа од атмосферата во својот дом, скапите подароци и луксузот.

Имено таа облечена во пижами од „Викторија Сикрет“ а потоа и во наметка на која пишуваше „Кралица“ позираше во собата преполна со балони на сите страни, торта, цвеќиња и подароци. Нема сомнеж дека нејзиниот сопруг добро се потрудил да и го разубави нејзиниот посебен ден.

Покрај декорираната соба преполна со балони и огромни плишани мечиња секако имаше и подарок и тоа ни помалку ни повеќе туку златен часовник од најпознатиот светски бренд.

Пред неколку години Аделина вплови во брачните води со познатиот скопски адвокат, Серјожа Марков, а набргу потоа го добија и синчето Јон. Пејачката набрзо по раѓањето на синот повторно се врати во топ формa и сега изгледа подобро од било кога.

За потсетување, Аделина и Серјожа пред да се решат за брак беа подолго време во врска. Но, претходно, тие биле пријатели. Таа раскажа дека тој цела година ја молел да излезат на кафе. По кафето, конечно биднала и љубовта, а сега се веќе во брак. Ова е прв брак за Тахири, а втор за Марков. Тој има две деца од првиот брак.