Луна и Марко заминаа во Дубаи – покажаа во каков луксуз уживаат

ИЗВОРСкопје24
|

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ заминаа на патување во Дубаи. Поводот беше роденденот на Луна која инаку е во шестиот месец од бременоста. Штом пристигнаа на луксузната дестинација, Луна објави пред следбениците на својот Инстаграм профил.

Прво, Луна сподели видео од авионот, каде напиша „5 часа“, алудирајќи на исцрпеност поради времетраењето на летот. Потоа покажа во каков луксуз ќе ги поминат деновите таа и Марко, но и дека ќе го слават нејзиниот роденден на 8 март.

На една од снимките, Луна покажа како изгледа нивната соба.