Македонката која доминираше на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ во издание во кое едвај би ја препознале

ИЗВОРСкопје24
|

Елена Миленковска беше дел од музичкото шоу Ѕвездите на Гранд во сезоната 2019/2020 година, но натпреварувањето мораше да го напушти поради својата бременост. Сигурно паметите дека секоја нејзина појава на сцената оставаше без зборови.

Сега речиси неполна година од породувањето, Елена повторно се пријави во музичкото шоу. Пред неколку недели беше нејзиниот прв настап во оваа сезона, а таа доби пет гласа и помина понатаму. Изминатиот период, Миленковска заедно со својот ментор Мили се подготвуваше за следниот круг.

Деновиве, се снимаат и нови емисии на „Ѕвездите на Гранд“, а во нив ќе учествува и македонската пејачка. Токму по тој повод, Елена се дотера, па едвај би ја препознале.