Мафини со вишни

ИЗВОРскопје24
|

Овие мафини се подготвуваат брзо и веруваме дека ќе ве освојат со својот вкус.

Потребни состојки: 1 и 1/2 чаша пченично брашно; 1/2 чаша кафеав шеќер; 1 лажица ванилин шеќер; 1/2 лажица сода бикарбона; 1 лажица прашок за пециво; 1 јајце; 1/2 чаша масло; 1/2 чаша топла вода; малку сол; 1 чаша свежи или замрзнати вишни и шеќер во прав за попрскување.

Подготовка: Измешајте го брашното, прашокот за пециво и содата бикарбона. Потоа додадете го кафеавиот шеќер, ванилиниот шеќер, солта, јајцето, маслото и топлата вода и се измешајте заедно за да се соединат убаво состојките.

На крајот додадете ги вишните. Истурете ја смесата во калап за мафини и наполнете ги до ¾ висина. Печете околу 30 минути. По печењето, оставете ги мафините да изладат и посипете ги со шеќер во прав пред да ги сервирате и на крај украсете со листови нане.

Во продолжение рецепт за тирамису во чаша. За неговата подготовка, потребни ни се само неколку состојки и помалку од 45 минути.

Состојки: 3 жолчки; 100 грама шеќер; 250 грама маскарпоне; сирење; 150 милилитри слатка павлака; 5 чаши сварено кафе; 2 лажици рум; плазма бисквити; 2 лажици какао, боровинки, листови нане, зрна кафе и стапчиња цимет за декорација.

Подготовка: Измешајте го шеќерот и жолчките и изматете го сето ова добро додека не добиете хомогена смеса. Додадете го маскарпоне сирењето, потоа павлаката и малку рум. Ставете ја оваа смеса на ладно место неколку минути. За ова време пригответе го кафето. Кога ќе се излади, ставете ги бисквитите во чашите и истурете го кафето. Почекајте додека бисквитот не го впие кафето, а потоа додадете го маскарпоне сирењето. Повторете два слоја, на крајот додајте го какаото, украсете со боровинки (малини или јагоди), зрна кафе, листови нане и цимет.