Магична идила: Шеф Марк со сопругата уживаат во Маврово (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Шеф Марк Де Јонг стана едно од најпрепознатливите лица во Македонија преку ТВ проектот „Брза кујна“ кој на телевизија Сител се емитува веќе неколку години. Симпатичниот Марк кој воедно е еден од најдобрите готвачи во Македонија, ја освои публиката со својот харм и интересен акцент, но и покрај славата не ја сокрива приватноста, а со тоа нема проблем и да ги покаше своите сакани.

Најголем дел од приватните фотографии кои ги објавува се заедно со сопругата Василка која многу често знае да ја спомене во интервјуата, а еднаш беше и гостинка позади камерите заедно со своите пријателки во шоуто Брза Кујна.

-Сопругата најмногу ги сака сосовите што ги правам, бидејќи во секое јадење треба да има сос, тоа е француска кујна. Тоа е вкусот што ја дава целината на јадењето, вели Марк во една прилика.

Шеф Марк и госпоѓа Василка често сакаат да патуваат, но годинава поради ситуацијата со болеста како и останатите, беа спречени да одат подалеку од границите на земјата.

Неодамна споделија моменти од едно такво патување во Маврово каде одмораа во хотел и се релаксираа покрај снегот, а Марк не пропушти да сподели на својот профил на Фејсбук.

Од приложеното може да се забележи дека неговата понежна половина изгледа ултра згодно, па во тесните црни фармерки изгледа како манекенка со долгите и витки нозе.

Госпоѓа Василка ја одржува својата линија со вежбање во теретана, а неодамна видовме и дека му е поддршка на сопругот во намалувањето на килограмите.

А покрај ваква згодна дама нема сомнеж дека Марк ја има најголемата мотивација.