Магија од звук и движење: Никола Тони најавува летни денови кои ќе се паметат

ИЗВОРСкопје24
|

Живи настапи надополнети со танц на Afro Latin Jazzy музика е проект на охриѓанецот Никола Тони кој за ова лето најави настан во кој многумина ќе уживаат.

Познатиот македонски тапанар, музички селектор и диџеј, Никола Тони од Охрид заедно со танцовата група Double K Dance од Скопје кои долго време се дел од современата танцова сцена во истоимениот град, подготвија неколку заеднички проекти, што ќе бидат прикажани ова лето 2020 година.

Како што вели тој ова лето бидете подготвени за магија од звук и движење!