Мајка, снаа, ќерка, брат: Ана Николиќ објави семејна фотографија – причината за собирот е посебна (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Ана Николиќ е се поактивна на социјалните мрежи, па објави семејна фотографија на Инстаграм, каква ретко се случува да покаже пред јавноста.

Во прашање е емотивен повод – роденденот на мајката на Ана, Милјана, а на фотографијата овековечена во ресторанот се и братот на Ана, Марко со сопругата и детето, нивната мајка, како и ќерката на Ана, Тара.

– Среќен роденден мајка, баба … На нашата кралица Милјана. Моето семејство, мојот столб и мојата поддршка “, напиша Ана.

Во кадар е и кучето на пејачката, а можеше да се забележи и дека семејството очекува уште еден член кој ѕирка од трудничкиот стомак на снаата.

Ана се враќа на музичката сцена наскоро со нов албум насловен „Клиника“, кој ќе ја види светлината на денот кон крајот на годината, а повеќето песни се посветени на нејзиниот поранешен сопруг Стефан Ѓуриќ Раста.