Мајката на Миа Костова на брз и бесен мотор – „Стварно е мајка ми, уозбилете се“ (ФОТО)

|

Некогашната македонска водителка Миа Костова долго време стагнира од малите екрани, но затоа е поактивна е на социјалните мрежи, кои вели дека ѝ носат добра заработка како инфлуенсерка.

На тој начин таа целото лето го помина на плажа во Албанија, промовирајки ги тамошните локали, ресторани и природни убавини, но сега дојде време да се врати дома во Скопје.

Таа често споделува и фотографии од приватниот живот, говори на најразлични теми кои се сметаат за табу ики премногу интимни за да бидат споделувани во јавноста, а сега ја покажа и нејзината мајка која е вистинска фраерка.

Оливера Дилиндарски е мајката на Миа, инаку поранешна балерина која специјализирала во една од најпрестижните балетски школи во светот Ваганова, во Санкт Петербург, во Русија.

Миа ја сними својата мајка која е вљубеник во големите и брзи мотори, како вози и се снаоѓа во густиот сообраќај низ градот. Нејзиниот моторџиски имиџ е унијатен и надополнет со суканици во косата кои и даваат изгледа како на млада девојка.

Многумина не ѝ поверуваа дека тоа е навистина мајка и, па таа мораше да објави ново стори и напиша: „На сите што пишавте, стварно е мајка ми, уозбилте се“.

Погледнете уште неколку фотоградии од прекрасната мама: