Македонците имаат големо срце: За неполни 48 часа собрани над 7.500 долари за семејството Јованови од Велес

ИЗВОРскопје24
|

Пред неколку дена Телевизија 24 ја објави сторијата за условите во кои живее семејството Јованови од Велес. По објавената сторија помош почна да пристигнува од сите страни.

Граѓани, граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, естрадни уметници веднаш започнаа да помагаат. Јордан и неговата мајка Анѓа деновиве имааат голем број посетители кои им носат помош.

Доказ дека нашиот народ е великодушен и со хумано срце е и иницијативата за собирање средства на Фејсбук. Таа иницијатива ја  започна велешанецот кој живее во Австралија, Ордан Наумов.

Првичната цел била да се соберат 500 долари за неколку кубици огревно дрво и храна. Но, по неполни 48 часа собрани се над 7.500 долари.

Со средствата се планира да се купи покуќнина за Јордан и Анѓа и да им се овозможи да имаат еден нормален живот каков што заслужува секој човек.

Доколку сте во можност да донирате тоа можете да го сторите на следниот ЛИНК