Македонија денеска со црвените дресови против Украина

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската фудбалска репрезентација денес во 15 часот против Украина на вториот меч на ЕУРО ќе игра со црвени дресови на шампионатот.

УЕФА ги објави боите со кои двете селекции ќе играат на оваа средба, македонската ќе го има црвениот дрес со жолти нијанси.

На првиот натпревар против селекцијата на Австрија, Македонија настапи со бели дресови.

Инаку, атмосферата веќе се подгрева пред големиот натпревар, па навивачите на Македонија од раните часови се упатија кон центарот на Букурешт, каде што ќе се игра вториот дуел на Рисовите од групната фаза на ЕП.

Навивачите на Украина исто така се забележани во центарот на романската метропола, па бидејќи се пријателски расположени, се придружија на фалангата во заедничко навивање.