Македонската актерска легенда Митко Апостоловски не напушти денес на 67 годишна возраст.
Во својата богата кариера имаше значајни улоги кои како вечен траг ќе останат во нашата меморија.
Како богато наследство неговата работа ќе постои вечно во македонската култура.
Една од најпознатите негови улоги е таа во филмот „Трето полувреме“. Токму таму ја кажа својата најмоќна реплика: „МАКЕДОНИЈА Е СВЕТО ИМЕ БЕ, МАМ ЕТО ВАШЕ“!
Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).
Апостоловски во 1979 година беше дел од ТВ сериите “Наши години“, “Илинден“, “Белото циганче“, “Тврдокорни“…
Бил глумец во филмовите “Бог да ги уб ие шпионите“, “Заборавени“, “Големата вода“, “Трето полувреме“, “До балчак“, “Последниот македонец“ и други.
Кај младата публика ќе остане во сеќавање по одлично одиграните улоги во ТВ сериите “Македонски народни приказни“ и “Народни приказни“.